Австралија: Дополнителната доза на вакцина против ковид-19 ќе се прима на три месеци

7

Австралија ќе го намали временскиот интервал за примање на дополнителна доза на вакцина против ковид-19 на три месеци.

Сега интервалот е пет месеци, но од 4 јануари истиот ќе биде намален на четири месеци, а од 31 јануари ќе биде три месеци, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант.

Земјата повторно бележи рекорден број на новозаболени од сојот Омикрон.