Австриски политичар: Признавањето на Косово ја отвори Пандорината кутија

19

Функционерот на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), Давид Штокингер, денеска по повод украинската криза оцени дека признавањето на еднострано прогласената независност на Косово од страна на Западот, со активно учество на Австрија која, според него, ја нарушила нејзината неутралност, ја отворило Пандорината кутија.

Штокингер истакна дека со тоа е направен преседан кој ги загрозува меѓународното право и меѓународните односи.

„Сè уште се сеќавам, тогаш ние од Социјалдемократската младина и од мировното движење бевме исмевани, па дури и напаѓани поради нашата конзистентна позиција дека Косово е Србија. Сепак, ние уште тогаш знаевме што ќе се случи следно. Уште еднаш бевме во право“, напиша тој на социјалните мрежи.