Автопатот Тетово – Гостивар како тркачка писта! Се вози над 200км/ч.

41

Во реонот на СВР Тетово во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Материјалите коишто ги споделија од таму покажуваат дека некои од возачите на автопатот Тетово – Гостивар возеле со брзина поголема од 200 километри на час.

Покрај тоа, при контролата биле откриени и други видови прекршоци. Санкционирани биле и 4 возачи (ТЕ), кои управувале возило под дејство на алкохол, како и управување возило без возачка дозвола, возачи-почетници и тн..