Агенцијата за филм ќе добие нов директор, на Тозија не му е продолжен мандатот

44

Владата синоќа на седница донесе повеќе одлуки за именувања на директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва.
На досегашниот директор на Агенцијата за филм Горјан Торзија не му е продолжен мандатот и ќе биде објавен јавен оглас за именување на нов директор.

Претходно, Антикорупциска поднесе иницијатива во врска со постапувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, и побара одговорност за да го разреши. Од Владата им посочиле дека одговорноста која ја побарала ДКСК е предмет на позитивното законодавство во државата и дека тоа е во надлежност на други органи.

-Ние сметаме дека Владата е надлежна, бидејќи според законот за филмска дејност Владата е таа што го именува и го разрешува директорот. Оваа претставка е доставена и до вицепремиерот за корупција и очекуваме да видиме што ќе се случи, истакна Георгиев од Антикорупциска.