Адвокатот Димитров за ТВ24: Најлесно е да го обвиниш загинатиот возач, мртвите не можат да се бранат
На автопатот Струма во Бугарија ќе има нов увид за автобуската несреќа на Беса транс.
Адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници Николај Димитров, за ТВ 24 претходно рече дека увидот на теренот веќе започна.
Тие не се задоволни од истрагата со која се утврди дека само возачот е виновен за несреќата и бараат одговорност поради лошата патна сигнализација и условите на патот…