Адеми: ВМРО-ДПМНЕ, Левица, АА и Беса ја суспендираат двојазичноста во Скопје

2

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми одржа денес прес конференција на која зборуваше за постапките на директорот на КИЦ за заобиколување на употребата на албанскиот јазик, за тенденциите и сценаријата на Алијанса, Беса, ВМРО и Левица за поттикнување на тензии и омраза.

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Адеми истакна дека Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост и го прекршуваат Законот за употреба на јазиците за да поттикнат тензии.

Тој додава дека албанскиот јазик во Македонија е официјален јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот на државата.

„За тоа како би изгледало едно владеење на коалицијата ЛЕВИЦА, составена од ВМРО, Алијанса, Левица и Беса најдобро се демонстрира со незаконското отстранување на употребата на Албанскиот јазик во Културно-Информативниот Центар, институција во рамките на Град Скопје. Овој чин на директорот на Културно-Информативниот Центар на коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса предизвика многу реакции бидејќи со овој потег партнерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост од една страна и од друга страна го прекршуваат Законот за употреба на јазиците кој е веќе во сила, со цел да ги поттикнат меѓуетничките тензии во време кога целиот континент страда поради војната во Украина. Ова може да биде само сценарио кое оди во прилог на Русија, како што беше и сценариото на мнозинството 61“, вели Адеми.

Според него, Скопје е двојазичен и мултиетнички град, но Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса намерно поттикнуваат беззаконие, тензии и омраза.

„Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја замени Сермине Пурини со Ангел Димитров, го замени Ардијан Муча со Ангеле Сотировски. Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја суспендираа двојазичноста. Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса и се враќа на изградбата на крстови и на Скопје 2014, наместо да гради училишта, болници, патишта. Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса поттикнува штрајкови и ги остава на цедило децата и родителите за време на најтешката економска криза во континентот и по двегодишна пандемична изолација“, порача Адеми.