Адеми треба да биде стартер: познат составот на Македонија

20

Аријан Адеми речиси сигурно ќе биде во стартниот тим на Македонија за денешниот клучен меч против Грузија, па со тоа се комплетира стартниот состав во најзначајниот меч во нашата фудбалска историја. Иако Адеми се жали на повреда на мускулот на ногата, еден од најважните алки во составот на Македонија ќе „стегне заби“ и ќе биде во почетниот состав во Тбилиси.

Според најчесто употребуваната формација 3-5-2, селекторот Игор Ангеловски ќе стартува со Димитриевски на голот, а во централната дефанзивна одбрана ќе бидат Бејтулаи, Велковски и Муслиу. Страничните позиции се резервирани за Ристовски и Алиоски, додека главни на средината од теренот треба да бидат Адеми и Николов. Малку понапред ќе биде Елмас, додека капитенот Пандев и Несторовски ќе бидат во офанзивниот дел.

Според коефициентите во Sport Life, Пандев и Елмас се први фаворити да дадат гол за Македонија.

Нема дилема дека во овие играчи има доволно фудбалско искуство, знаење и желба да се стигне до Европско првенство.