Азиланти во Солун запалија автомобил на турски дипломат (ВИДЕО)

4

Неидентификувана група азиланти го запалиле автомобилот на еден вработен во турскиот конзулат во Солун, соопшти полицијата. Никој не е повреден во нападот, за кој се води истрага.

На видеото се гледа паркираниот автомобил во пламен, додека пожарникарите работат на гаснење на пожарот. Откако пожарот е изгасен, на задниот дел на возилото се забележува големо оштетување.

Инцидентот, кој се случил рано утрово, сè уште е под истрага. Не е приведен ниту еден осомничен.

Иако мотивот за нападот останува нејасен, веројатно е дека подметнувањето пожар било мотивирано од повеќедеценискиот спор меѓу Атина и Анкара за Кипар. Територијалниот спор се влоши со неодамнешниот договор меѓу Турција и Либија за поморските граници, за кој Грција смета дека е кршење на нејзините права на сувереност.