Активен е пожарот на Криволак, од ЦУК велат дека воените магацини се безбедни

0

Со армиски и полициски хеликоптер се гаси пожарот на полигонот Криволак кој изби вчера. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), тој е најголем пожар во моментов, но воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни.

Вториот пожар кој бил активен од утрово е нов пожар што е забележан за време на утринско хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на село Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица, каде што е зафатена дабова шума и постои можност за проширување. Како што велат од ЦУК, по интервенцијата на екипи од Пожарната од Радовиш пожарот е изгаснат.

„Третиот пожар е пожарот што во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на село Требичино, во Општина Василево, Струмичко. Пожарот во текот на ноќта го намалил својот интезитет, утрово чади на некои места, но нема активен оган. Во случај на потреба за дополнително воздушно дејствување по пожарт, на располагање стои и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување“, велат од ЦУК.