Албанскиот претседател бара долгорочна регионална стратегија за борба со ковид-19

4

Албанскиот претседател Илир Мета побара итна сериозна, одговорна и долгорочна стратегија за справување со ковид-19.

„Потребна ни е конкретна долгорочна стратегија, а не спорадична и медиумска, за да се соочиме и да го доведеме под контрола ширењето на оваа пандемија, која сериозно го загрозува здравјето и животот на граѓаните“,

напиша Мета на Фејсбук по, како што вели, загрижувачкиот тренд на раст на заразени и особено на бројот на почнати.
Тој смета дека мора да има поинтензивна комуникација со земјите од регионот и ЕУ, како и со СЗО, за усогласување на дејствијата и размена на информации во реално време, заради стратегија која ќе овозможи побезбеден и побрз излез од пандемија“.

„Од витално значење е да се зголеми ефикасноста на овие мерки, преку свесност, транспарентност, инклузивност и зголемување на духот на соработка, бидејќи главната заедничка цел треба да биде да се заштити здравјето на граѓаните и националната економија. Особено, неопходно е да се зголеми сигурноста во управувањето со пандемијата, сега кога влегуваме во екот на туристичката сезона, за да извлечеме максимум од тоа“, пишува Мета на Фејсбук.
Според денеска објавените податоци од Министерството за здравство и социјална заштита, во последното деноноќие регистрирани се нови 64 случаи со ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 2 466 лица, додека три лица починале или вкупно 58, од почетокот на пандемијата.