Албанскиот претседател Бегај од утре во тридневна посета на Хрватска

0

На покана на неговиот хрватски колега, Зоран Милановиќ, албанскиот претседател Бајрам Бегај од утре ќе престојува во тридневна официјална посета на Хрватска” во рамки на интензивирањето на стратешкото партнерство со оваа земја”, соопштија од претседателскиот кабинет.

– Претседателот Бегај ќе биде пречекан со сите државнички почести, по што ќе има средба со неговиот домаќин со фокус на билатералните односи, регионалната соработка, европското патување на Албанија, како и други случувања кои влијаат на мирот и безбедносните прашања, стои во соопштението.

Во рамки посетата, Бегај на 27 април на одделни средби ќе биде примен од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, како и од претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандраковиќ.

За време на престојот во Хрватска ќе се сретне  и со претставници на здруженијата на Албанците во оваа земја.

На 28 април 2023 година, во друштво на домаќинот, претседателот на Хрватска Милановиќ, Бегај ќе ги посети и ќе се сретне со Арбанашите(Албанци) во Задар, со што завршува посетата на Бегај.