Албанските девојки на српските „вашари – панаѓури“! Дали има албанска држава ?!

90

Дали има некој орган во Албанија да го истражувал трговијата со младите девојки, кои ги водат во српските „вашари – панаѓури“ и ги вадат како стока (тоа наликува на пазарот со добиток!), земајќи илјадници евра за „глава“? Зар не е време да му се стави точка на оваа морална деградација со силата на законот? Како треба да биде трговијата со луѓе, ако не се тоа што се случува со албанските девојки кои се продаваат како плен во земјата на анти албанските режими?

Даут ДАУТИ

Останав подалеку од оваа тема како од огнот. Не од конформизмот, туку затоа што не знаев што да кажувам! Сум избегнувал и од грчевите што ти се создава во стомакот, секогаш кога ќе прочиташ или ќе слушнеш за некој случај, а камоли кога тоа веќе стана феномен. Сум избегнувал и поради парадоксот што го содружува и од анахронизмот што се појавува повторно во ова време, но, на крајот на краиштата, сум избегнувал, затоа што не можеш како да се мешаш на некому ако го избрал тој пат! Да, но ете …

Како ненамерно, прелистувајќи низ порталите, ти се појавува некој натпис. Такви натписи, поради феноменот што го третираа, честопати сум ги „скокнувал“, останувајќи им должник. Како да сум сакал да го избегнам соочувањето со вистината, измамувајќи го себеси дека тоа не е можно. За жал, со години (можеби и со децении) што читаме како девојки, некои млади, некои стари, немажени, можеби некоја самохрана или вдовица, склучиле брак со Србите или Македонците. Од некое село во северна Албанија, од каде обично се „регрутираат“ и завршуваат кај старите ергени, за да не кажуваме, да завршуваат кај тие кои никој не „ги зема“ во нивната татковина. Тие завршуваат во семејствата каде им раѓаат деца на овие ергени или вдовци во селата каде ги зафатил „белата чума“, за да го зголемат српскиот наталитет… Завршуваат овие госпоѓи и госпоѓици што можеби не ја нашле “касметот“ во нивната земја, кај тие што освен што ќе им раѓаат деца, им ги чуваат добитокот, им ги молзат кравите или овците, и на крајот, сите среќни излегуваат пред камерата и зборуваат за нивните сопрузи и се растопуваат од радоста, како да го нашле принцот на бел коњ! Некој ќе очекуваше барем да не излегуваат пред камерата за да го искажат својата егзалтација, со кој ние овде од границата на матичната држава, ни ја додава одвратноста, затоа што не ја разбираме нивната логика. Не разбираме многу нешто од овие “наши сестри“ од Албанија, ниту тие, ниту нивните семејства што тоа им го дозволуваат. Што се случува со националната совест? (Се надевам дека нема да звучи патетично!) Овој пат навистина ја надминав себеси, го ставив на тест трпението. Ја прочитав статијата во агенцијата „Прешева јон“ („Ужасно, кога албанските девојки невести во Шумадија, ја прават големата Србија?!“, авторка: Албана Ферати). Замислете, во едно село каде претходно беше затворено училиштето затоа што немаше деца, сега повторно е отворено со 12 ученици, од кои 11 се родиле со овие плодни девојки (речникот нека го земеме овој збор како замислен!), Албанки мажени за Србите!

Зошто така нешто се случува со девојките од Албанија, христијанки, па дури и муслиманки, како „воопшто ништо“не се случило („но што ние, што има лошо? !!!). Јас имам теорија, не сум го истражувал, туку е еден личен поглед, зошто може да се случува тоа! Дали е тоа кај свеста на Млад социјалистички Човек? Се сеќавате на поезијата на Миѓени за младиот човек? Кутриот Миѓени, можеби го сонувал тој нов болшевички систем), кој донесува ново време, нов систем. Тој човек го создаде во Албанија, во нај понизна форма во поглед на совеста. Затворајќи го во челични граници, него го изолираше од реалноста на оној живот. Му го забрани Господа и стравот од него . Му го одземе кодовите што ги имаше верувањето, етичкиот код што го има секоја верување. Ги направи муслиманското мнозинство да јадат свинско и пијат ракија како сите други што нивната религија им ја забрануваше. Ги изолираше Албанците од другиот свет, но и од самите други Албанци. Еден млад човек на албанскиот социјализам, не беше ист како албанскиот човек на социјализмот на Тито. Тој Албанец не знаеше што доживува Албанецот преку границата од режимот кој сакаше физички да ги уништува или да ги протера од нивните огништа. Можеби и не можеше како да му помогне брат на брат, затоа што постариот брат го имаше сопствениот проблем за преживување, и не знаеше колку страда оставен од границата и од кого страдаше. Од оваа далечина од страдањето на помалиот брат, можеби и не го чувствувал доволно проблемот и маката…

Отворањето на Албанија со падот на комунизмот донесе големи разлики, понекогаш драматични, во пристапите и во погледите околу прашањата што треба да се доживуваат подеднакво. Затворањето и многу децениско не комуницирање остави последици, така што понекогаш ние тешко ги разберевме, зошто некои нешта во Албанија ги гледаат со чудна рамнодушност. Војните што ги водеа Албанците, освен многу други прашања што ги донесе пост комунистичкото приближување, ги натера некако Албанците во Албанија да ги погледнат одблиску страдањата на косовските Албанци и да им излегуваат братски на помош, не само да ги засолнат кога беа протерани од солдатеската на Милошевиќ, но и да им помогнат со пушка. Меѓутоа, има се уште некои нешта што не можат да се разберат, и написот одвоен од агенцијата „Прешева јон“, кој ме поттикна со скршено срце да го прочитам, со право го потенцирам фактот дека „Косоварите не можат да разберат… “. Навистина, не можат да ги разберат браќата од Албанија од една причина што има врска не со далечната историја, што можеби ја заборавиле, туку со нивната најнова историја, која се уште испушта крв. Не можат да разберат како после сите големи човечки трагедии што ги доживеале во последната војна со српските режими, албанските девојки одат и се мажат за Србите, можеби за некој кој можеби бил дел од српските војски, полиција и паравоени сили! И да ги има закрвавени рацете со албанска крв… „Косовците“ се чудат, се чудат како „Албанците“ и албанските медиуми, не се чудат со ова чудо на нивните браќа! Пишувањето што ми ги измеша цревата кога го читав, убаво ја опишуваше апсурдноста на егзалтацијата на девојките мажени за Србите. Меѓутоа, еден поглед нема да ми се одлепува од сега па натаму, ваквите погледи треба да ги содржат и многу други непрочитани написи, е тоа што следува: „според српските медиуми неодамна на еден од саемите (прочитај „вашарите – панаѓурите“ – моја забелешка), од многу што се организираат во Србија, на еден од нив близу Белград, пристигна автобус полн со албански девојчиња, многу од нив православни (можеби христијанки – моја забелешка) на возраст од 20 до 40 години, кои беа „изложени“ пред неженети Срби, со цел на запознавање и бендисување“. Објаснување за тие кои не знаат: саемот е отворен пазар, што Србите го нарекуваат „вашар“.

Враќајте ја малку меморијата, дали не сте виделе ли вакви „нормални“ сцени во филмовите за трговија со робови во Африка? Европските колонисти и од егзотична Африка насилно грабнувале робови и ги изнесувале на пазар за продажба? Продажбата не е далеку и во случајот на овие апсурдни бракови, затоа што зад овие бракови стојат „специјализирани“ агенции или здруженија за посредување, кои земаат илјадници евра за нивното „стројништво“! Секако, дека нивната работа не е скриена, тоа се случува пред очите на рамнодушните Албанци и незаинтересирани органи!

Меѓутоа, тоа што е етичко прашање и резултат од бришењето на свеста на степени така што се релативизира фактот дека тие одат и се мажат во „непријателска“ држава за Албанците преку границата (без оглед на пријателството на Рама со Вучиќ), и поединечно определување за „касметот“ на животот што никој нема право да се меша, е прашање што се однесува до законот. Зарем, дали не е оваа појава, каде посредно се парите, трговија со робинки? Оваа појава во секоја модерна држава се гони, затоа што е забранета. Дали во Албанија има некој орган кое го истражувал трговијата со млади девојки, кои ги водат во српски „вашари – панаѓури“ и ги изнесуваат како стока (наликува на пазарот на добиток!), земајќи илјадници евра за „глава“? Зар не е време да се стави точка на оваа морална деградација со силата на законот? Како треба да биде трговија со луѓе, ако тоа не е тоа што се случува со албанските девојки кои се продаваат како плен во земјата на анти албанските режими? „Егзотична стока“ за уште по „егзотично“ место! Не, не можат да се запираат браковите, тоа би било надвор од секоја логика. Ни се допаѓа или не, мешани бракови, во потполно спонтани околности, се случило во двете насоки, но овој феномен не е дека некој доаѓал на плажите на Албанија и се запознал со некоја албанска девојка и се родила љубовта на прв поглед. Тука станува збор за класична трговија со луѓе, и за да биде срамот уште поголем, честопати и со медиумско покривање, како ексклузивна тема, каде и пошироката јавност и органите треба да се справат со тоа, а ја сметаат како нешто воопшто безболно! Тоа е и деградирање на албанската држава што пред носот му се случува оваа глупост! За да биде иронијата уште поголема, во македонскиот печат е пишувано дека во оваа материја била мешана и раководството на една општина!

Свесен сум дека темата е замрсена, но не можеш да ја избегнеш. Страшна е логиката „што ако?“ Знам дека повеќето од Албанците не го гледаат добро оваа грда појава, но има и такви, можеби и во медиуми, кои нештата, навистина знаат да ги релативизираат. И, често ми доаѓа на мисла прашањето на добро познат модератор, кој меѓу неговите „ремек-дела“ веројатно ја смета и гостопримството на Здравко Чолиќ во неговиот настап, кој имаше негативни реакции од Косово. Тој, отиде и чекор подалеку, зборувајќи не за Чолиќ, кој се уште не е истакнат за некој анти албански настап, туку за друг: Дали е заради политичките ставови, да га не се поканува и режисерот како Емир Кустурица? Мислам дека е сувишен секој коментар!

Во времето на комунизмот, режимот му објавил војна на сите лоши обичаи, како што беше мажењето на ќерките без нивна волја, бракот во колевка или бракови со пари. Иронично, појавата на продажбата на албанските девојки, повторно се појавува во нај понижувачка форма, и никому ништо. Само еден изгубен човек, со избришана совест и меморија, тој на нов социјалистички човек, кој изнесува „фиданка“ и сега, успеал да го реактивизира етничкото, религиозното потекло или етичко моралниот код на Албанецот, за да не се стресува од оваа грда појава. Само овој дисконтинуитет на свеста може да дозволи девојките да завршат кај ергените на „непријателската држава“. Сиромаштијата те води дури и до вратата на непријателот, рекол народот, но дали ги тера сиромаштијата овие девојки да завршуваат во креветот на тие кои ги негираат масакрите над Албанците и ден денеска! „О Господе, каде оди овој свет ?!“, „врисне“, понекогаш Хекри, лик на емисијата „Портокалово“! Што друго да се кажува!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)