Алек Болдвин повторно ќе стане татко: Со Хиларија го очекува седмото дете

4

Актерот Алек Болдвин ќе стане татко на 64 годишна возраст, по седми пат. Неговата сопруга Хиларија објави дека го очекуваат нивното седмо заедничко дете.

Хиларија ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил, на видео во кое таа и Алек си играат со шесте дечиња и трогателна порака која доби многу лајкови за поддршка.

„По многуте искачувања и паѓања во последниве неколку години, имаме возбуда и изненадување: оваа есен доаѓа уште еден Болдвинито. Бевме многу сигурни дека нашето семејство е комплетно, но бевме и повеќе од задоволни со ова изненадување. Го споделувам со вас овој момент кога им кажавме на децата, и како што гледате, многу се возбудени“ – напиша таа.

Во видеото јасно се гледа среќата на лицата на идните родители, а по сите премрежја, ова семејство заслужува малку мир и радост. Во една прилика, Хиларија сподели фотографија од нив двајца на Инстаграм и напиша „Поминавме низ многу нешта заедно“.