Алиу: Слободата на медиумите е цел кон која сите мораме да се стремиме

13

Слободата на медиумите, независни и во служба на јавниот интерес, се цел кон која сите мораме да се стремиме и да соработуваме, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

– Како министер за информатичко општество и администрација ја нагласувам непоколебливата поддршка за новинарите кои се трудат да ја откријат и да ја пренесат вистинската информација, да ја одиграат својата професионална улога на одговорен начин, вели Алиу.