Алијансата за Албанците во преговори со Беса и Алтернатива за предизборно коалиционирање

7

Алијансата за Албаниците има разговори за предизборно коалиционирање со Движењето Беса и Алтернатива. Ова го изјави потпаролот на партијата, Флакрон Беџети на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Беџети вели дека тие се убедени дека ќе победат на овие избори, но сакаат резултатот да биде поубедлив.

– Ние како Алијанса за Албанците сме заинтересирани за предизборна коалиција со Беса и Алтернатива. Ние сме подготвени со нашите капацитети како Алијанса за Албанците, но сме отворени за соработка со Беса и Алтернатива. Разговараме со двете партии и се надеваме дека заедно ќе постигнеме пред изборен договор, кој дефинитивно ќе го победи ДУИ и ќе ја има легитимноста на албанските гласачи – изјави Беџети.

Пред изборите Беџети рече дека нема разговори за коалиционирање со некоја од партиите од македонскиот политички блок.

– Сега за сега нема такви разговори. Тоа ќе зависи после изборите, за ова ќе одлучат граѓаните кој со кого ќе коалиционира – истакна потпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети.