Американската војска објави дека уништила систем за противвоздушна одбрана на Хутите

6

Американската војска вчера објави дека ги уништила системите за противвоздушна одбрана и беспилотните летала на јеменските Хути во Црвеното Море.

Централната команда на американската армија на мрежата X објави дека уништила противвоздушен систем со две ракети подготвени за лансирање, контролна станица и систем за беспилотни летала.

Хутите во неделата објавија дека лансирале проектили и беспилотни летала врз британски, американски и израелски бродови, што е последен во серијата напади врз трговски бродови во Црвеното Море, што почнаа поради израелската офанзива на Појасот Газа.

Американската команда во неделата објави дека била лансирана противбродска балистичка ракета од територијата на Хутите кон Аденскиот Залив, но дека нема штета или повредени.

Нападите на јеменската група ја нарушија светската трговија преку Суецкиот канал, поради што компаниите се одлучуваат за побезбедна, но многу подолга рута околу Африка