Американскиот сенат го осуди Путин како воен злосторник

7

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која Владимир Путин се означува како воен злосторник. Таа беше предложена од републиканецот Линдзи Грем, поранешниот близок соработник на Доналд Трамп и доби поддршка од сенаторите од двете партии, што е редок пример за единство во силно поделениот Конгрес.

„Владимир Путин не може да избегне одговорност за злосторствата против украинскиот народ“, изјави лидерот на Демократите во Сенатот, Чак Шумер.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска треба да се изјасни за првите обвинувања за геноцид, што Украина ги поднесе против Русија во почетокот на месецот. Русија нема освоено ниеден од десетте најголеми градови во Украина од почетокот на својата „специјална воена операција“ на 24 февруари.

Москва вчера воведе санкции за Џо Бајден и 12-мина други Американци, меѓу кои и државниот секретар Ентони Блинкен, министерот за одбрана Лојд Остин и Хилари Клинтон. Сепак, санкциите не спречуваат контакти на високо ниво со овие лица.