АМЈЕ го осудува несоодветниот став на ИДКНА и директорот Асани кон весникот КОХА

40

По реакцијата на Здружението на Новинари на Македонија и Асоциацијата за Заштита на Печатените Медиуми во Македонија, кои пред неколку дена го осудија навредливиот јазик и клеветата на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Северна Македонија и директорот Скендер Асани, реакција имаше и од Асоциацијата на Медиуми на Југозападна Европа (АМЈЕ). Во соопштението за медиуми, АМЈЕ пишува дека критичното известување на дневниот весник „КОХА“ не може да се изгасне преку нецивилизираното етикетирање и омаловажување на тој медиум, кој е познат како објективен и професионален во Северна Македонија. АМЈЕ дури го повикува ИДКНА да се воздржи од било каква понатамошна употреба на несоодветен јазик против весникот КОХА, како и да се извини на менаџментот и на уредничкиот персонал на весникот КОХА.

Целосно соопштение за на Асоциацијата на Медиуми на Југозападна Европа (АМЈЕ):

Асоциацијата на медиумите на Југоисточна Европа (АМЈЕ) остро ги осудува јавните обвинувања на ИДКНА за антисемитизам против дневениот весник „Коха“ од Северна Македонија. Ваквите јавни обвинувања веќе беа критикувани од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Асоциацијата за заштита на националните печатени медиуми (АЗНПМ) од Северна Македонија.
Во демократска земја, доколку било кој субјект не е задоволен со известувањето на медиумите, постојат неколку механизми да се спротивстави на ваквото известување. Ова вклучува поднесување проговори до органите за саморегулација на медиумите или остварување на законско право да побараат корекција или демант.

Сепак, критичното известување на весникот „КОХА“ не може да се потисне со нецивилизирано обележување и засрамување на тој медиум, кој се признава како објективен и професионален во Северна Македонија.

Затоа, ја повикуваме ИДКНА да се воздржи од било каква понатамошна употреба на несоодветен јазик против весникот Коха или било кој друг медиум во Северна Македонија, да се извини на менаџментот и уредништвото на Коха и да користи правни механизми за заштита на нивните права во случај да сметаат дека објавените информации не се точни. Секое друго однесување освен тоа, може да се сфати како обид за цензура.