Анастасија од Цеца доби на подарок автомобил вреден 73.000 евра, но не смее да го вози! (ФОТО)

13

Анастасија Ражнатовиќ од својата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ добила скапоцен автомобил со цел да ја мотивира што побрзо да полага за возачка дозвола.

Новата „играчка“ на Анастасија, популарната пејачка ја чинело 73.000 евра.

Иако се уште нема возачка дозвола, младата пејачка добила џип од позната марка, но се разбира, таа сè уште не може да го вози.


– Учам за возачката дозвола, наскоро имам теоретски испит. Ова е мојот автомобил, ми го купи мајка ми како мотивација, но имав доста обврски околу албумот, па никако да положам. Се надевам дека тоа ќе го завршам во 2020 година – рекла неодамна Анастасија во емисијата „Лично неофицијално“ и открила дека нема проблем да се вози со такси.

Нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ, кој очекува принова со сопругата Богдана, очекува Анастасија да биде лош возач.

– Брат ми постојано ми вели дека ќе бидам најлошиот возач, бидејќи немам апсолутно никаква координација, но мислам дека добро ќе се снајдам. Ќе го покажам спротивното – рекла пејачката низ смеа.