Ангелов: Се работи на детекција за тоа дали постои опасност во воздухот во Тетово

0

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска на прес – конференција посочи дека се работи на детекција за тоа дали постои опасност во воздухот, односно дали има отровни гасови.

– Состојбата во овој момент од аспект на отровнс на гасови не е алармантна од оние информации кои што ги имаме. Има зголемено ниво на ПМ честички коишто во овој момент се кренати горе, но подоцна истите ќе се спуштат долу – вели Ангелов.