Анкета во Бугарија: Партијата на Трифонов и Борисов се изедначија

11

Бугарија је чекаат повторно целосно неизвесни избори, барем што се однесува според резултатите кога ќе треба да се оформира новата влада. Според резултатите во анкетата спроведена од „Галуп“ за Бугарското национално радио по објавувањето на санкциите од страна на САД, за партијата на шоуменот Слави Трифонов, Има таков народ, би гласале 21,2, а за ГЕРБ на Бојко Борисов 21 отсто. Трета е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 15,9 проценти.

Зад нив се протестната партија Демократска Бугарија со 12,1 и партијата на Турците, ДПС, со 11,9 отсто. Шестата партија што ќе влезе во Собранието е уште една протестна формација, Исправи се! Мутри надвор, со поддршка од 5,8 отсто од оние што решиле дека ќе излезат на изборите.

Патриотската коалиција на националистичките партии, ВМРО, НФСБ и Волја останува под 4-процентниот праг и за нив во овој момент се определуваат 3,5 отсто од анкетираните. Зад нив се другите популистички и националистички партии.

Според сегашното расположение трите протестни партии не ќе можат сами да направат влада без поддршка на некој од ГЕРБ, БСП и ДПС.

„Галуп“ го испитувал и расположението на граѓаните во врска со блокадата на Македонија. Бројот на оние што се против какви било отстапки кон Македонија и натаму е многу голем – 70 отсто, но тоа е намалување во однос на 85 отсто што беа за цврста блокада пред неколку месеци. Против блокадата се 19,3 отсто, а останатите се колебаат.