Анкета: Граѓаните се против анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија

31

Анкетата која ја објавија Телма и МЦМС, а ја изработи ангецијата “М проспект”, вели дека поголем дел од граѓаните се против анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Повеќе од 60 проценти од испитаниците се изјасниле “против” тоа да биде потпишан анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија, кој ќе гарантира дека Македонија нема територијални претензии кон оваа држава, дека нема да се меша внатрешните работи и нема да навлегува во национални и идентитетски прашања.

Оваа анкета ја направи агенцијата “М проспект”, а 61,9 процент од испитаниците не се согласиле со овој чекор.

33 проценти од испитаниците рекле дека се согласуваат со таков анекс, додека 4 проценти рекле дека не знаат.