Ануноби со звукот на сирената ги спаси шампионите

29

Торонто Репторс го намалија резултатот во серијата против Бостон Селтикс на 2-1, откако третиот меч го добија со 104:103. Актуелните шампиони од пораз ги спаси тројката која со звукот на сирената ја постигна О-Џеј Ануноби.

Бостон ја имаше контролата врз натпреварот, Торонто успеаја да го стигнат противникот дури во последната четвртина, а финишот донесе вистинска драма.

Најпрвин Ванвлит од тешка позиција на 10 секунди до крајот израмни на 101:101, потоа во наредниот напад Вокрес без гледање го проигра Тај кој ја заби топката во кошот за 103:101 за Бостон на 0.5 секунди до крајот.

Лаури ја изведе топката покрај 226 сантиметри високиот Тако Фол, во корнерот го пронајде Ануноби кој погоди за триумф на Торонто.

Кемба Вокер го предводеше Бостон со 29 поени, на спротивната страна Кајл Лаури постигна 31, а херојот Ануноби 12 поени.