Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата

5

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.