Анчелоти: Реал Мадрид мораше многу да издржи за да го победи Челзи

0

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите впечатоци за победата над Челзи (2:0) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Испадна натпревар на кој требаше да издржиме многу за да победиме. За нас во дуел од вакво значење и против тим како Челзи, тоа не беше изненадување. Отпрвин ни беа зададени некои проблеми од левата страна, но ние се справивме со тоа, истакна Анчелоти

Тимот од Мадрид се пласираше во полуфиналето. Противникот на Реал Мадрид ќе биде одреден во пресметката помеѓу Манчестер сити и Баерн (3:0 по првиот натпревар).

Покрај Реал, пласман во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување синоќа избори и Милан.