Апасиев: Во моментов се тргува со пратеници – сумата е од 100.000 до 500.000 евра

17

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во гостување на телевизија Канал 5 обвини дека во моментов се тргува со пратеници, а сумата на истите се движи од 100.000 до 500.000 евра.

„Во моментов додека разговараме се прави обид за купување на 5 пратеници од страна на СДСМ. Јас ги знам и по име, и по презиме, и по детали. Значи се уценувани т.е. се подмитувани со станови во Скопје, сумата се движи од 100.000 до 500.000 евра за да преминат во таборот, и сето ова е недозволиво во еден систем кој претендира да биде европски“, посочи Апасиев.