Апасиев: Преспанскиот договор не може да се поништи

23

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во гостување во емисијата „Само Вистина“ меѓудрогото се осврна и на Преспанскиот Договор. Тој истакна дека во овој момент македонското политичко милје нема сила да го пoништи овој Договор.

– Преспанскиот Договор е швeрцерски договор, нема потпис од претседателот кој е по Устав титулар да го овласти и да го потпише и во моментот македонското политичко милје не може да го пoништи овој договор – рече тој.

Инаку Апасиев и Левица се познати по својот став дека се залагаат за поништување на Преспанскиот Договор и бришење на називот „северна“ од Уставот на Република Македонија.