Апелација ги укина пресудите за Мијалков и Тачи во „Титаник 2“

9

Портпаролот на скопска апелација, Сафет Кадриу, не можеше да ја потврди информацијата дека второстепениот суд ја укина првостепената пресуда против екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, кои добија по три години затвор во предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше за влијание врз одлука на ДИК.

-Одлуката е донесена, но не е напишана. До крајот на неделава ќе излеземе со официјално соопштение – рече Кадриу за Фокус.

Според неофицијални информации, апелација го враќа предметот на повторно судење поради суштествени повреди на постапката.