Арафат Муареми е на работа, никој не му побарал отказ

17

Арафат Муареми кој е актуелен директор на Управата за финансиска полицијата (УФП) 0е на работа и ги демантира обвинувањата кои се раширија во јавноста дека премиерот Димитар Ковачевски од него побарал да си поднесе оставка.

Првиот човек на УФП вели дека не се вистините шпекулациите на одредени поартали кои објавиле дека тој не е достапен и дека наводно бил во бегство.

– Јас сум во Македонија и ги извршувам своите работни задачи. Работам професионално, одговорно и транспарентно согласно позитивните законски прописи – вели Муареми.

Токму Муареми е дел од предистражната постапка на ОЈО по однос на пријавата поднесена од Државното правобранителство во која тој и двајца други функционери се посочени дека не постапиле законски во случајот на згаснатото СЈО познат како „Труст“ во кој осуден е бизнисменот Сеад Кочан.

Во кривичната пријава, Муареми, како тогашен истражител во СЈО, и обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски се товарат за злосторничко здружување со сега веќе осудениот Сеад Кочан, затоа што, како што е наведено во пријавата која ја објави „Код“, носеле одлуки со кои сега е отежната конфискацијата. Поради нивни пропусти, имотот на Кочан не може да биде конфискуван, тврди Државното правобранителство.