Ареа со нов хит – Погледнете го спотот за „Те спомнувам“

10

Познатиот македонски рок-бенд Ареа нè израдува со нов хит, насловен „Те спомнувам“. Целата песна, односно музиката, текстот, аранжманот и продукцијата се дело на бендот, а спотот е снимен под режисерската палка на Кристијан Шемко.

Видео записот за песната е снимен на неколку локации во Гостивар – родниот град на бендот, односно во градскиот парк, Домот на културата и рок барот Pink Floyd. Дефинитивно, ова е вистинско освежување за македонската музичка сцена.