Армијата ќе помага во обезбедувањето на болниците

15

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Министерството за здравство за потребата од дополнителна асистенција на припадниците на Армијата на Северна Македонија во обезбедувањето на болниците.

Како што соопшти владината прес-служба, припадниците на Армијата ќе бидат испомош на припадниците на МВР и во координација со ова Министерство.

На владината седница бил донесен заклучок за ова да се побара согласност од претседателот на државата.