Арсовски: Да го разочарам Пендаровски – политичките партии мора да постојат!

4

Портпаролот Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување на ТВ 24 даде свој став за говорот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Како што истакна Арсовски, првиот човек на државава потврдил дека државата само тоне и според него не се гледа излез.

„Пендаровски ги потврди сите оние работи кои претходно ВМРО-ДПМНЕ наназад ги говори. Би сакал веднаш да го разочарам Пендаровски – неопходни се политичките идеологии. Политичките партии мора да постојат и не можеме да им замериме на граѓаните кои припаѓаат на една политичка опција или на друга. Самиот Пендаровски беше кандидат за претседател од една политичка партија“, истакна Арсовски.