Арсовски за КОХА: Сите пратеници ни се на број!

178

Вмро-ДПМНЕ остро демантира дека нивни пратеници преминале во некој друга политичка партија. Ова реакција на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по средбата Заев-Гаши во Белви, по која почна да се лиферуват информаци дека четворица пратеници на ВМРО му давеле потписи на Заев за утре да го добие мандатот од Претседателот Стево Пендаровски, пренесува КОХА.

“Во однос на 4ца пратеници кои би му дале поддршка на Заев, можеме да кажеме само дека е груба шпекулација и манипулација која произлегува од кујните на СДСМ и Заев кои се во длабок очај поради тоа што немаат сеуште парламентарно мнозинство. Такво нешто ниту се случило, ниту пак ќе се случи. Доколку имаат парламентарно мнозинство СДСМ и Заев, еве јавно ги повикуваме по стотти пат да ги објават имињата на пратениците кои им даваат поддршка”, изјавил за КОХА, потпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсосвки. (КОХА)