Артета по излекувањето од коронавирусот: Три дена температура и силна кашлица

6

Менаџерот на Арсенал Микел Артета беше првиот позитивен случај на коронавирус во англискиот фудбал. 38-годишникот во меѓувреме се опорави од болеста, а за клупскиот сајт на „топчиите“ говореше за тоа како се чувствувал во текот на заразата.

„Во моментот кога ме известија дека сме биле во контакт со луѓе кои се заразени од Ковид-19 јас веќе ги имав симптомите. Тоа за мене беше обичен вирус. Три дена имав температура и силна кашлица, а се чувствував и непријатно во пределот на градите. Бев уплашен бидејќи имам три деца, но за среќа ниту едно од нив не беше заразено“, изјави Артета.

Кога на 12. март беше објавено дека Артета е заразен од ковид-19 беше сигурно дека Премиер-лигата ќе биде суспендирана на неодредено време.