Асад за конфликтот во Нагорно-Карабах: Ердоган е главен поттикнувач и провокатор

9

Конфликтот меѓу завојуваните страни на Кавказот трае веќе десет дена. Има се повеќе има жртви, но и се помалку надеж за брз крај на судирот.

Додека меѓународната заедница повикува на мир и крај на непријателствата, обете страни – Ерменија и Азербејџан – ги слават своите воени успеси и ја обвинуваат другата страна за напади на цивилни цели.

Сирискиот претседател Башар ал Асад го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган главен поттикнувач и иницијатор на конфликтот во Нагорно-Карабах.

„Да бидеме прецизно јасни, Ердоган ги поддржуваше терористите во Сирија, ги поддржуваше и ги поддржува терористите во Либија и тој е главниот поттикнувач и провокатор на тековниот конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија. Значи, да резимирам, би го окарактеризирал неговото однесување како многу опасно и тоа од многу причини“, рече Асад.

Објаснувајќи ја својата позиција, Асад истакна дека однесувањето на Ердоган влијае на целото „Муслиманско братство“.

„Од друга страна, јасно е дека тој предизвикува војни во различни области, со цел да го сврти вниманието на турската јавност од она што го прави во својата земја“, заклучува Асад.