Британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека поднесе барање до Европската унија за одобрување на нејзината вакцина, објави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Добри вести! АстраЗенека аплицираше до Европската агенција за лекови (ЕМА) за својата вакцина да ја овласти во ЕУ. ЕМА ќе ја процени безбедноста и ефикасноста на вакцината. Откако вакцината ќе добие позитивно научно мислење, ќе работиме со полна брзина за да ја одобриме неговата употреба во Европа“, пишува .