Атиџе се онесвести на отворањето на „Денови на македонскиот мед“, повикана брза помош

27

Главната протагонистка на документарниот филм „Медена Земја“, Атиџе Муратова, денеска во Скопје на улица „Македонија“ присуствуваше на отворњето на „Денови на македонскиот мед“.

Додека се случуваше говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и на градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, на Муратова и се слоши и веднаш била повикана брза помош.

 

Муратова донесе мед од диви пчели на изложбата на пчелни производи од цела земја.