Атлетико Мадрид ги потврди фудбалерите кои се заразени со коронавирус

11

Доцна синоќа пристигна информација дека двајца фудбалери на Атлетико Мадрид се позитивни на коронавирусот.

Оваа вест дојде во најлошо време за „душекчиите“ кои денеска требаше да отпатуваат за Лисабон каде во четврток требаше да се соочат со Ред Бул Лајпциг.

Од Атлетико Мадрид патувањето го одложија за утре и ги објавија имињата на позитивните играчи на коронавирус.

Станува збор за хрватскиот репрезентативец Шиме Врсалјко и аргентинскиот интернационалец Анхел Кореа. И двајцата во моментов немаат никакви симптоми.

– Клупските доктори дозволија откривање на идетнитетот на играчите за да се прекине погодувањето, станува збор за Анхел Кореа и Шиме Врсалјко. Кореа е дома во самоизолација како и Врсалјко кој и онака не тренира со клубот затоа што заздравува од повредата, -се вели во дел од официјалното соопштение од Атлетико.