Атлетико прокоцка огромна предност, но Симеоне сѐ уште е ептен – самоуверен!

6

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ремисираа синоќа на тешкото гостување кај Бетис (1-1), со што им дозволија на Реал Мадрид и на Барселона да дојдат на еден односно два бода на осум кола до крајот на Ла Лига, чија завршница оваа сезона ќе бида „пеколна“.

„Јорганџиите“ во неколку недели прокоцкаа предност изразена во двоцифрен број бодови, но тоа не го намали оптимизмот и самодовербата кај тренерот Диего Симеоне. Тој и понатаму има голема верба во своите избраниците.

„Ќе видиме што ќе се случува. Сите екипи во моментов имаат надеж по нашето реми со Бетис. Но, без разлика на пропустите, ние одиме со силни чекори напред, иако сега тука се и Реал Мадрид и Барселона. Ќе сочекаме да видиме што ќе се случува, но јас ги сакам овие моменти, кога се натпреваруваме со најдобрите за титулата. Верувам во моите момци и сигурен сум дека ништо не е загубено“, истакна Диего Симеоне Чоло.

Атлетико сега има 66 бодови, додека Реал Мадрид има 65, а Барселона 64 бодови.