Ахмети ги кани претседателите на албанските партии на средба

48

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги кани претседателите на албанските партии на средба. Како што информираат од партијата покани се испратени до Африм Гаши – Алтернатива Z. Билал Касами – Беса Г. Зијадин Села – АА Г. Мендух Тачи – ДПА.

– ПО ОДДРЖАНИТЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА 15 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА, ИМАМЕ ЧЕСТ ДА ВЕ ПОКАНИМЕ НА ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ АЛБАНСКИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ, СЕ ВЕЛИ ВО ПОКАНАТА.

Средбата би требало да се реализира на годишнината на Охридскиот Рамковен Договор, на ден Четврток, 13 Август 2020 година, со почеток во 12:00 часот, во хотелот Парк во Скопје.