Ахмети го заврши дводневното сослушување во Приштина, детали не откри

22

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, доцна попладнево го заврши дводневното сослушување пред хашките обвинители во Приштина и се враќа во Скопје..

Имајте разбирање – ова лидерот на ДУИ Али Ахмети го побара од новинарите во Приштина кои два дена чекаат одговор за исказот пред хашките обвинители. Кажа само дека е вклучен во процесот во својство на сведок. Единствено што се знае е дека истражителите од него бараат информации околу воените злосторства од 98ма и 99та година, процес за кој досега се испрашувани околу 300 припадници на ОВК.

Ви благодарам за трпението и големата поддршка. Ве замолувам за разбирање затоа што нема да ја коментирам мојата изјава пред обвинителите во својство на сведок. Вака предвидува законот и јас тоа ќе го почитувам.

Ахмети ја доби поканата од судот во Хаг како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово и активен учесник во војната.