Ахмети денеска ќе го претстави кандидатот за премиер Албанец

На денешниот настан, лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе го претстави првиот кандидат Албанец за премиер на Владата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

41

Денеска во 13 часот ќе биде претставен кандидатот за прв Албанец премиер, соопшти партијата на Али Ахмети, ДУИ.

„Денес, 24 јуни 2020, со почеток во 13:00 часот, во одморалиштето Претор кај Преспа, ДУИ ќе оддржи промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020. На денешниот настан, лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе го претстави првиот кандидат Албанец за премиер на Владата на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.