Ахмети од 9.30 започна да сведочи во Специјалното обвинителство за Косово

23

Утринава во 09:30 часот започна сведочењето на лидерот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на Специјалното обвинителство во Приштина.

Ова за ТВ21 го потврдува Организацискиот секретар на интегративците Артан Груби, кој го придружува Ахмети во Приштина.

Ахмети денеска и утре треба да биде сослушан од истражителите за воените злосторства во Косово.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поранешен припадник на ОВК, е повикан во овој Суд како сведок на обвинението поднесено за воени злосторства покренато против претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на ДПК Кадри Весели.