Косовските медиуми објавија дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се уште сведочи во просториите на мисијата на ЕУ во Приштина, ЕУЛЕКС.
Според нив, Ахмети одговара пред Специјалниот суд за Косово од 9.30 часот наутро, а за тоа време неговиот службен автомобил го чека пред вратата.
Ахмети доби покана од Специјалниот суд во јули оваа година, веднаш откако беше повикан на сведочење претседателот на Косово, Хашим Тачи. Од партијата на Ахмети тврдат дека е викнат во својство на сведок, а не обвинет и најавуваат дека ќе сведочи и утре.