Ахмети: Ќе победиме, идејата за премиер Албанец е на ДУИ, другите направија локална, маалска политика

33

Во годината зад нас заокруживме важни прашања, прашања кои земјата ја направија поцврста, како што е членството во НАТО, Преспанскиот договор, Договорот за Добрососедство со Бугарија и добивањето на датумот за членство во ЕУ, изјави вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети на скопскиот плоштад.

„Сега не очекуваат големи прашања за земјата наскоро да стане членка на ЕУ, ние имаме можност и храброст да се соочиме со големи теми и воопшто не се двоумиме затоа што имаме енергија и вредности кои не ги гледам кај другите. Независно што сакаат да се споредат со нас и со утринската сенка, мали се да се споредат со нас. Тука се скапоцени камења и вредности, а вредностите се градат со паметни и образовани луѓе. Секогаш сме ги повикувале Албанците на обединување, ние секогаш сме повикувале да станеме фактор, но ова волја беше еднострана и иницирана од ДУИ, а другите направија локална маалска и принципатска политика”, рече Ахмети.

Тој пред присутните порача дека ДУИ ќе бидат победници на 15 јули и се повика на анкети кои покажувале дека се во предност пред другите партии.

„Ова не го велам за сам да бидам задоволен, ниту вие да бидете задоволни, но другите ќе се разочараат на крај. Идејата за премиер Албанец не ја предложивме за да се шегуваме, ја предложивме за да ја оживуваме и материјализираме и тоа ќе го направиме затоа што е наше легитимно право. Жал ми е што моите колеги Македонци толку панично се однесуваат и зошто не излегуваат на дебати за да е соочат со Зибери, не станува збор тука затоа што не е на листата за пратеници, бидејќи и Мицкоски од ВМРО не е кандидат, но се појавува на дебати. Тие не ги имаат познавањата на Насер“, додаде Ахмети.

Партискиот претседател ги повика симпатизерите, активистите, албанската младина, албанските патриоти и мисионери, „на 15 јули да го дадат мечот и потоа ќе се види како ќе ги постави крилјата“.

„Никогаш ниту една војна не сум изгубил затоа што мечот ми беше поклон од борците, никогаш ниту една војна и борба не сум изгубил затоа што мечот ми го подарија патриотите, ниту една војна не сум изгубил и од поголемите противници од мене затоа што мечот ми го подарија мисионерите, на 15 јули заедно ве повикувам да излезете и да ми ги дадете мечот и после ќе ги видат моите крилја и рамења и успешно да се соочувам на секој фронт“, изјави Ахмети.