Словенија денеска забележа 1963 новозаразени и 18 починати лица, Хрватска 2242 новоинфицирани и 12 починати, во Босна и Херцеговина денешниот биланс е десет починати лица и 1250 новозаразени.
Повеќе држави од регионот објавија дека воведуваат полициски час со цел избегнување на поголеми од и така големите бројки на новозаразени од корона вирусот на дневна основа кои се изразуваат во четирицифрени а бројот на починати во двоцифрени броеви.
Словенија денеска забележа 1963 новозаразени и 18 починати лица, Хрватска 2242 новоинфицирани и 12 починати, во Босна и Херцеговина денешниот биланс е десет починати лица и 1250 новозаразени.
Канцеларката Меркел ги повика Германците да намалат со патувањата и контактите. Во Република Српска училиштата се повторно затворени а во Софија престануваат со работа ноќните клубови.
Сепак најтешка е ситуацијата во Чешка каде во последните две недели има 1149 заразени и девет смртни случаи на сто илјади жители.
На второ место е Белгија со илјада и дваесет заразени и 4 смртни случаи на сто илјади граѓани. Австрија и Холандија денеска им испратија помош на Чесите со цел да не се повтори никому италијанското сценарио.