Балканот ќе маршира за чист воздух

8

Еколошките организации од Балкан се организиратат да реализраат заеднички протест против загадувањето на воздухот. Седум градови од пет држави на Балканото в петок на 28 февруари (18 ч.) ќе излезат да маршираат на улиците во знак на солидарност во борбата против загадениот воздух со кој се трујат граѓаните во овој регион.

Скопје, Приштина, Призрен, Подгорица, Сарајево, Белград и Бања Лука, градови кои се погодени од загадувањето. Веме е да се обединиме заедно, како народ од сите држави, против одлуки и политики кои дозволуваат загадување на воздухот. За смогот граници не постојат се вели во најавата на протестот.

Маршот за чист воздух во Скопје ќе почне в петок во 18:00 од Министерство за животна средина.