Барса се дави во долгови, а само еден играч понудил помош за клубот

10

Поради пандемијата на коронавирусот Барселона се наоѓа во финансиска криза и долгови кои изнесуваат дури 450 милиони евра.

Каталонскиот клуб и тоа како е погоден од случувањата кои се резултат на коронавирусот, па тие најмногу го почувствуваа прекинот на лигата, а потоа и одигрувањето на мечеви пред празни трибини. Шпанските медиуми пишуваат дека долгот изнесува дури 450 милиони евра и дека ги очекува навистина тешка работа.

„Мундо Депортиво“ утринава објави дека само еден играч на клубот понудил своја помош во решавање на проблемите, а тоа е Жерар Пике. Тој и претходно му помагал на клубот финансиски бидејќи беше најзаслужен што компанијата „Ракутен“ го продолжи договорот како главен спонзор на Барселона.

И овој пат Пике ја понуди својата помош бидејќи самиот е подготвен со свои пари да покрие некои долгови, но главниот дел од помошта е доведување на нови спонзори и инвеститори.

Пике веќе работи на тоа со своите соработници, а се очекува до крајот на годината во Барселона да бидат вложени околу 100 милиони евра благодарение на дефанзивецот на овој клуб, кој не ги крие своите амбиции еден ден да биде претседател на Барселона, а соиграчите веќе и го нарекуваат така.