Барселона одлучи кој играч треба да ја носи „10-ката“ на Меси

6

Со заминувањето на Лионел Меси во Барселона, остана слободен дресот со бројот 10. Тоа е дрес кој во Барселона најчесто го носеле најдобрите играчи, односно оние кои биле лидери на теренот. Пред Меси, 10-ката им припаѓала на играчи како Роналдињо, Ромарио, Марадона, Стоичков, Хаџи, Кубала…

Во првото коло против Реал Сосиедад, дресот со бројот 10 остана без својо сопственик во Барселона, а според најавите кои стигнуваат, каталонскиот гигант знае кој фудбалер ќе ја добие честа да го носи овој број. Помалку изненадувачки, но Филипе Кутињо е прва опција да ја добие 10-ката. Бразилецот дојде на „Камп Ноу“ во 2018 година од Ливерпул за висока сума од 160 милиони евра, но не се прослави.

Во изминативе три години, Кутињо одигра 90 меча за Барселона и даде 24 гола. Кутињо една сезона помина како позајмен играч во Баерн Минхен, кога успеа да ги освои буквално сите најзначајни трофеи. Пред да дојде во Барселона, Кутињо пет сезони играше за Ливерпул, а има настапувано и за Интер, Васко де Гама и Еспањол. Актуелниот договор со Барселона му е до 2023 година.