Бајден ги собира лидерите од американскиот континент
Американскиот претседател Џо Бајден денеска во главниот град на САД ги собира лидерите од земјите од американскиот континент за да разговараат за синџирите на снабдување и решавањето на миграциските прашања.
Пред првиот самит на лидерите на Американското партнерство за економски просперитет, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, кажа дека дводневниот собир ќе биде „можност што се појавува еднаш во генерација“, за промена на голем дел од глобалноит синџир на снабдување за западната хемисфера, јавуваат американските медиуми.
Кирби кажа дека самитот ќе биде посветен и на „предизвикот на заедничката миграција“ и изградбата на „значајни економски можности“ меѓу земјите во регионот.
Денешниот настан беше најавен минатата година на Самитот на Америка во Лос Анџелес.